Dobre dojdovte na Websajtot za Mogorce


 

 

 

 

КЛАЊАЊЕ НАМАЗ ПО ДРУГИ МЕСЕБИ

      Клањањето намаз според други месеби е непрепорачливо, бидејќи се докажало дека тоа не донесло никакви позитивни резултати туку напротив со него е внесена забуна и неред помеѓу братскиот муслимански народ  Има доста аргументи со кои се потврдува тоа:    

     Имам Шафија еднашка клањал намаз во близина на гробот на Ебу Ханифе кој е закопан во Багдат па направил нешто што не била негова вообичаена пракса од намазот и го прашале зошто така? тој одговорил зарем сопственикот на овој гроб не заслужува да биде почитуван, значи имам Шафија знаел дека е тоа средина каде луѓето клањаат според Ханефискиот месеб и тој така клањал од почит и несакајќи да внесува раздор помеѓу џемаатот,  

     Често пати некои сакајќи да ги применат одредени хадиси од Суннетот тие со тоа го рушат Фарзот, а тоа  е заедништвото помеѓу муслиманите,

-па така е со дигањето раце за + три текбири и,

-клањањето на витр намаз и кунут дова со дигнати раце,

овие луѓе забораваат дека таквите постапки се само еден од начините како постапувал Аллаховиот пејгамбер но тоа не значи дека само тоа е исправното и дека поинаку нема, затоа исламската улема смета за сите оние кои имаат поинакви сваќања најдобро би било да истите ги прекинат или на други места ги практикуваат се со цел да се не наруши и очува  заедништвото помеѓу муслиманите,

     Шеих Бин Бас р.а. кога го прашале како да постапуваме кога ќе дојдеме во џемаат каде што не е во практика оној суннет што ти го практикуваш а тој рекол:

     Во тој случај оставите го вашиот суннет и клањајте според практиката на тој џемаат па кога му рекле зарем е небитен суннетот тој одговорил да! битен е суннетот но побитен е фарзот а тоа е еднаквоста помеѓу муслиманите,  

     Исто така се бележи кога Омер р.а. дошол со своите ученици од Сирија во Медина и како мусафир тој Мусафирскиот намаз не го скратил па го прашал еден од неговите ученици, Омере зошто така постапи кога поинаку ти нас не учеше, Омер рекол затоа што не сакам разединување помеѓу Муслиманите.

     -Џелалудин руми рекол: Кој верата нетемелито ја наследи тој лесно ја менува исто како кога коњот на синот му го купил бабо а не го платил сам.

     Ако работиш и добра работа која ќе донесе фесат и неред во џемаатот оставија без разлика што мислиш дека таа е добра и дека ти си добар.

     Ја прашале х.Аиша кој и е најголем зулум а таа одговорила:најголем зулум е кога ќе престанеш со грешење  почнеш со верување и на крај помислиш дека ти си најдобриот, тек тогаш шејтанот успева да те натера да мислиш дека ти си најдобриот а сите нечинат.Постои хадис кој што вели дека шејтанот рекол јас најдобро таквите ги заведувам кога тие ќе се замислат дека се најдобрите бидејќи најдобра покорност е тајната

покроност така еден син отишол со својот татко да клања ноќен намаз во едно теке каде што сите дервиши биле позаспани па синот рекол о бабо какви се овие дервиши кои не клањаат туку спијат а бабото му рекол о сине подобро ќе беше и ти ова да го не клањаше  отколку што толку луѓе ги оговори за нивниот сон 

 

НАМАЗ СПОРЕД ЕБУ ХАНИФЕ

 

1-Нијјет.

     Изговарањето на нијјетот според мнозинството од учењаците на четирите месе се се смета за убава и препорачлива работа било да е нијет за абдест, намаз, пост или хаџ, бидејќи се вели дека со нијјетот се потрдува состојбата на срцето.

     Вели Ибнул Абидин нијјјетот н вели: Нијјетот е дело на срцето без размислување со давање до знаење во кој намаз се наоѓаш, и ако човекот само со размислување би почнал тогаш нијјетот не му е исправен,

     Нијјетот според мнозинство од исламската улема е пофална и и препорачлива работа која што никако неможе да биде харам (недозволена) работа како во минатото така и сега особено во овие времиња на презафатеност и проблеми.

     За нијјетот се вели дека то е суннет за кој пејгамберот ги пофалил на селефи (првите муслимани) бидејќи тие нијјетот го практикувале, а тоа го потврдуваат мноху хадиси и дела од сите месеби и исламски учењаци, значи Малик, Шафија, Ханбел, Ел Албани со име и број.

 

2-Почетен текбир Подигање на рацете до уши.

Се пренесува од Малик Ибн Хуверис дека: Аллаховиот пејгамбер кога земаше текбир ги подигаше рацете додека не ги допреше ушите.

Се пренесува од Вајил Ибн Хаџер дека: Аллхаовиот пејгамбер кога почнуваше да клања ги подигаше рацете пипкајќи ги ушите и земаше текбир а жените тоа го правеа наспрам градите и потоа не ги кревал рацете во намазот 581,.

Се пренесува од Енес Ибни Малик дека: Аллаховиот пејгамбер кога го почнувал намазот ги дигал рацете до уши а со палците го пипкал мекиот дел од ушите 578,

Се пренесува од Бер Ибн Азиб дека: Аллаховиот пејгамбер кога земаше почетен текбир му ги гледавме палците до уши и потоа веќе не ги креваше во намазот. 579

Од сите овие и многу други хадиси се гледа дека Аллаховиот Пејгамбер како земал почетен текбир а половично ги кревал рацете само при посебни потреби и состојби, кога на себе носел ратни оклопи, и кога носел посебна врста на облека огртачи кои му паѓале плашејќи се да нему паднат и притоа да му се соткрие на телото во намазот, и исто така некој пат половично ги кревал рацете до гради кога ги подучувал жените муслиманки како се зема почетен текбир но Таберани вели истиот пропис не важи за машките како се наведува во хадисот од.

3-Подигањето на рацете со плус 3 текбири.

Дека не постои додатно кревање на рацете на тоа укажуваат многу дела со хадиси

Секако дека намазот постепено дошол до свое усовршување па така

Се пренесува од Џабир Ибн Семуре дека рекол: Ни дојде пејгамберот а ние клањавме и ни рече: Што вие ве гледам мафтате со рацете како опашки од побеснети коњи затоа смирете се во намазот бр.633

Некои за овој хадис велат дека тоа се однесувало на оние кои во намазот враќале селам додека  асхабите асхаб клањале и некој ќе влезел во џамија, давал селам а тие му враќале со рацете па пејгамберот и тоа им го забранил бидејќи селамот е работа настрана од намазот но нее така хадисот се однесува кога асхабите кога поединечно клањале  па влегол пејгамберот ги видел како пафтаат и тоа им го забранил  без разлика дали едното или другото и им рекол смиритесе во намазот се Се пренесува од Абдуллах Ибни месуд дека рекол: Сакате ли да ви го покажам намазот на Аллаховиот пејгамбер па клањал и не ги кревал рацете освен при почетниот текбир (хадисот е од Муслим од највисок степен на веродостојност)

Исто така се пренесува од Ибни Месуд дека рекол клањав со пејгамберот Ебу Бекир и Омер и никој од нив не ги креваше рацете 649

Се пренесува од Есвед дека рекол: Го видел на Омер и клањал со Омер со пејгамберот  кој само еднаш ги кревал рацете при почетниот текбир и повеќе не и ова е сахих хадис по муслим бр.640/1

Истото го правел и Алија р.а. како и Омер 648. Истото го правел и Ебу Ханифе 654, па така се спомена неговата расправија со Евзаије и Ебу Ханифе кого Евзаија прашал зошто не кревате раце после текбир и руку а Ебу Ханифе му одговорил затоа што тоа не дошло потврдено од пејгамберот со веродостоен хадис и кога едниот на другиот почнале да се докажуваат кој е поверодостоен пренесувач на хадисите околу земањето додатни текбири а се работело за Хамид над Зухриј, Ибрахим над Салим и Ибн Месуд над Ибн Омер, сите овие еден над друг биле подобри познавачи на фикот и кираетите,  тогаш Евзаија молкнал и повеќе ништо не зборувал,

И хадисот на Ваил кој вели дека еднаш го видел е послаб од Абдуллах Ибни Месуд кој вели дека 50 пати не го видел.

 

4-Врзување на рацете испод попок.

Сите хадиси кои зборуваат за Пејгамберовото ставање на рацете на гради упатуваат на тоа дека тоа не била негова стална пракса и потврден суннет туку под попок.

Се пренесува од Ебу Хурејре дека рекол: Еден од суннетите во намазот е ставање на десната преку левата рака испод попок 593.

Се пренесува од Хаџџаџ Ибни Хасан дека рекол: Го прашав Ебу Миџлез 585, како пејгамберот ги врзуваше рацете во намазот па тој ми одоговори: Ја ставаше десната над левата рака под попок.

Се пренесува од Ибрахим Ен Нехаи: кои кога објаснувал како пејгамберот ги врзувал рацете о намазот рекол: Тој ја ставаше десната преку левата под попок.

Се пренесува од Вајил Ибни Хаџер дека рекол:  Го видов Аллаховиот пејгамбер како ги ставаше рацете десната преку левата под попок.

Вели Мухаммед Текијј Ел Усмани:Ставањето на рацете испод попок се зборови на Ебу Ханифе, Шафија Малика, Хамбелија и Ахмеда,

Вели Ебу Бекир Ел Гасани 595:Ибн Нуџеим 596,Таханеви 597 Машките рацете ги врзуваат под попок а жените на гради бидејќи тоа им Е покривање во намазот.

     Значи Четворицата имами Ебу Ханифе,  Ахмед Ибн Ханбел сметаат испод попок а Малик и Шафија сметаат над попок.

     Бухариј рекол: неисправни се хадисите каде што се вели дека Вајил Ибни Хаџер клањал со пејгамерот и го видел дека тој ја ставал десната рака преку левата на гради  бр.6 Бухариј рекол тие многу грешат и учењаците кога ќе наидат на нивни хадиси нив да ги отфрлат посебно од Муемил Ибн Исмаил.бидејќи некој од пренесувачите на тие хадиси биле неверодостојни помеѓу хадиските учењаци.

5-Необавезно учење со имамот.

Сура Араф 204,

Овој ајет доволно зборува дека е обавезно на клањачот да ништо не учи кога имамот учи гласно а што се однесува до учењето кога имамот учи во себе повеќето хадиси наведуваат на тоа дека имамовото учење е доволно учење за муктедијата па така пренесува Ебу Муса Ел Ешари:Аллаховиот пејгамбер не подучуваше за намазот и ни рече кога некој од вас ќе застане да биде имам и учи во намазот вие ќутите, исто така пренесува Ебу Хурејре:Имамо е поставен да се клања по него па кога ќе донесе тој текбир донесете и вие кога тој учи вие молчете а кога ќе рече Семиаллах вие раббена.

Умран Ибни Хусејин вели Пејгамберот клањаше пладне а некој зад него го учел сурето Себбихисме тој го чул се свртел и прашал кој учи а човекот рекол ја Аллахов пејгамберу а Пејгамберот му рекол помислив дека сакаш дами покажеш колку си знаен

Odgovor.Učenje muktedije u namazu na kijamu je mekruhi tehrimen u našem hanefiskom mezhebu.

Među islamskim pravnicima postoje tri mi.ljenja po pitanju dozvoljenosti učenja Fatihe za imamom:
Prvo mi.ljenje:Fatihu je vad.ib učiti za imamom i u danjskim i u noćnim namazima. Ovo mi.ljenjezastupaju: Abdullah ibnul-Mubarek, .afija, Ishak i Lejs b. Sa'd. Oni se oslanjaju na
hadis Poslanika s.a.v.s. u kome on kaze da nema namaza onaj ko ne prouči Fatihu.
Drugo mi.ljenje:
Muktedija neće učiti Fatihu niti bilo .ta drugo za imamom, ni u noćnim ni u danjskimnamazima. Ovo mi.ljenje zastupaju imam Ebu Hanife, Es-Sevri, Ibn Ujejne i jedandio Malikija. Oni svoj stav temelje na hadisu Poslanika s.a.v.s. u kome on ka.e da je
imam postavljen da bi se slijedio a da je njegovo učenje dovoljno i za muktedije.
Treće mi.ljenje: Malik: Vadz.ib je Fatihu učiti za imamom u dnevnim ali ne i u noćnim namazima, Кaze da se u noćnim namazima ne treba učiti za imamom jer imam uči na glas a njegovo učenje su du.ni slusati muktedije prema kur'anskomajetu: "A kada se Kur'an uči slusajte ga i sutite..." (El-Enfal,)

     Hanefije koji govore o obaveznosti učenja Fatihe u namazu smatraju da se odnose na namaze koji se klanjaju pojedinačno, a ne u džematu, to jest za imamom.

 

6-Размакот помеѓу незете.

     Ханефискиот месеб стои  на ставот дека размак помеѓу незете треба да биде 4 прсти помалку и повеќе се смета за мекрух или поинаквиот став се  смета за  охолост на клањачот,

Според хадисот од Сахих ул Бухариј од Нуман Ибни Бешир и Енес каде се вели да луѓето сшојат раме со раме и нога со нога,четирите месеби и улемата од секогаш кажуваа дека тоа не е правилно па така имам сејјид енвер го појаснил ова прашање како коментар за Сахихул Бухариј наречено Фејдул Бариј па вели на луѓето би им било многу тешко и невозможно така да постапуваат во сафовите тоа важи само за времето на исчекување на намазот и тој вели да харфот ба од хадисот не треба да се разбере и тумачи како физички спој туку душевен спој бидејќи и праксата на пораношните генерации покажува дека никој не го работел како и месебите туку тоа потекнува од обични луѓе.таквото тумачење и ако е така тогаш произлегува прашањето како и во кои делови од намазот: дали при седење.стоење, руку,сеџде,тешехуд и тоа би било возможно само ако сите лоѓе би биле од иста должина, величина, и ширина.Се пренесува во Фетхун Бари од Енер р.а. дека рекол да тоа сме го работеле нога уз нога тој би побегнал од нас како диво магаре,значи ова упатува на тоа дека Енес р.а. никогаш тоа не го работел псоле смртта на Пејгамберот а тоа значи дека ниту тоа било пракса односно суннет на Аллаховиот пејгамбер нити пак на асхабите.

 

7-Подигање на кажи прстот при Етехијату.

   Абдуллах Ибни Зубеир вели: Пејгамберoт прстот го подигнуваше само на шехадет и повеќе не го мрдаше.

     Имам Халевани вели:Клањачот го дига својот прст кога ќе изговори: Ла илахе а го спушта кога ќе изговори Илеллах едното означува негација а другото потврда со која се сака да се каже: нема друг, освен Аллах.

     Имам Тахави вели: суннет е подигањето на прстот без вртење.

     Според нашиот ханефиски месеб  и ханефиската улема тоа смета за мекрух, тоа го вели: Мула Али, и Ел Кари.

     Шеих Зафер ет Таханеви вели: Мекрух е сталното вртење на прстот, па вели:

     За оние кој повеќепати креваат прст нивните мислења ги засноваат според хадисот кои се пренесува од

     Ваил Ибни Худера каде се вели дека тој го видел на Аллаховиот Пејгамбер да го померува прстот и дека тоа значи удирање на шејтанот но двата овие хадиси се неисправни и неможат да бидат доказ против хадисот на  

     Ибни Зубеир кој што рекол: Го видов пејгамберот но еднашка тоа го правел дури и за хадисот еднашка можно е да тоа пејгамберот го направил ненамерно и затоа е е мекрух,

     Исто така Ибн Хузејме одсем споменањето на овој хадис во својата збирка вели дека:

     Во ниедно предание одсем ова не се спомнува Кревајте го прстот.

     Имам невеви хадисот за некревање на прстот вели има поисправен сенед од на хадисот од Ваила за кревање

     Исто така Абдуллах Ибни Зубеир пренесува дека пејгамберот не практикувал стално кревање на прстот,

     Шеих Нуруддин и голем дел од исламската улема и четирите имами Ханефија, Малик, Шафија, и Хамбел по ривајетот на Ибнул Касима од Малика сметаат  дека не само што е мекрух туку и го квари намазот.

 

8-Зикрот после клањаните суннети.

     Ибн Абидин Ел Ханефи вели:Мекрух е одлаганјето на суннетите након фарзот одсем за онолку колку да се проучи Аллахумме ен тесселаму… заради хадисот кој го бележи муслим и тирмизи од хазрети аиша која вели:

Пејгамберот након фарзот не се запираше од колку само за Аллахумме ен тесселаму…

А што се однесува на хадисот кој заборува за зикрот након фарзот во ниту еден од тие хадиси нема ништо што би упатувало на тоа дека треба зикрот да се прави по фарзот бидејќи суннетот значи надополнување на фарзот па така се смета дека зикрот по суннетот значи и зикр по фарзот.724

     Абдуллах Мухаммед Тухмаз вели: После пладневскиот, акшамскиот, и јацискиот фарз,  веднаш се станува на клањање суннет и мустехаб е да се направи прекин само колку да се изговори: Аллахумме ен тесселаму…725

Вели Севбан: Кога Аллаховиот пејгамбер завршуваше со фарзот три пати изговараше Естагфируллах потоа Аллахумме ен тесселаму…

     Исто така се пренесува дека Аллаховиот пејгамбер рекол: Кој после намазот ќе го проучи Ајетул курсијј од џеннетот го разделува само смртта.727

Се пренесува од ебу Хурејре дека сиромашните мухаџири дошле каде пејгамберот и му рекле дека богатите отиодоа многу понапред од нас и постигнаа степен на возвишеност а клањаат како и ние постат како и ние делат садака како и ниие ослободуваат заробеници како и  ние, па пејгамберот рекол:

Дали сакате да ве научам со што ќе ги престигнете и ниф и никој неможе да ве стаса одсен оној кој истото че го чини рекле да.

Па пејгамберот рекол.после секој намаз изговарајте суханаллах 33 пати елхамдулиллах 33 пати, па почнале тоа да го прават па некој се вратил повторно каде пејгамберот и рекол ја ресулуллах слушнааи богатите муслимани па и тие го почнаа истото а пејгамберот рекол Тоа е Аллахова благодет која ја дава кому тој сака,728

     Се пренесува од Ебу Хурејре дека: аллаховиот пејгамбер рекол Кој после секој нсмаз направи 33 пати Субханналлах, 33 Елхамдулиллах 33 пати аллаху екбер и сето тоа го надополни со Ла илахе иллеллаху вахдеху ла шерикелех ќе му бидат опростени гревовите па макар биле големи и колку морска пена.

    

     Се пренесува од Лејс ибн Аџлан дека: рекол Сумејј им го пренесов овој хадис на некои членови од мојата породица па рекол: Си разбрал дека: Зхвалноста му припаѓа само на Аллах  33 пати благодарност на Аллах 33 пати и Аллах е најголем 33 пати се додека бројот на сите овие не изнесува 33 пати, 729

     Се пренесува од Сулејха а тој од неговиот бабо а тој од ебу хурејре  дека сиромашните мухаџири дошле каде пејгамберот и му рекле дека богатите отиодоа многу понапред од нас и постигнаа степен на возвишеност….

па Сулејх се вратил па рекол дека тој број  бил 11, 11, 11 и сето тоа 33 пати, 730

 

9-Употреба на теспиите.

     Најдобрите од најдобрите Селефу Салихин-првите муслимани, користеле теспих, Теспихот беше познат во времето на асхабите.

     Теспиите се препорачани и за останатите и поради хадисот во кој Пејгамберот вели:Кој настојуваува да биде сличен на еден народ тој е од нив753

     Се пренесува од Фатиме бинту Хусејн дека таа правела теспих со канап со чворови 747

     Бележи Ед Дејлеми во Муснедул Фирдевсу од Алија р.а. дека Пејгамберот а.с. рекол:Убав ли е теспих потстетник748

      Се пренесува од Сад Ибн еби Веккаса:“Дека тој и Аллаховиот пејгамбер заминале кај една жена а во нејзините раце имала голушки или каменчиња со кои жената правела теспих. Па Пејгамберот рекол:Ќе те известам за она што е полесно и подобро за ова:“Субханаллах броејќи ги неговиоте створења на земјата.Субханаллах броејќи ги неговите створења на небото, Субханаллах броејќи го она што е помеѓу тоа и Субханаллах броејќи го она на што е Он створител, и елхамдулиллах исто така и Аллаху Екбер исто така и Ла илахе илеллах исто така и ла хавле ве ла куввете илла биллах “732

     Мула Али Ел Кари во коментарот на Садовиот хадис вели:“Ова е исправна основа за дозволувањето на теспих затоа што Пејгмберот и го потврдил теспихот на таа жена а нема разлика помеѓу нанижани и спрострени и не се зема говорот на оние кои кажуваат дека тоа е бид’ат.“733

     Се пренесува од Ибн Омер дека рекол:“Го видов Аллаховиот Пејгамбер како направи теспих *ја куду теспих 734(додал Ебу Давид со својата десница“735

     Се пренесува од Ебу Хурејре:Дека тој имал конец на кој имал 1000 чворови и не заспивал се додека не направел теспих онолку пати колку имал чворови. 737

     Се пренесува од Сафијје:“Дојде кај мене Аллаховиот Пејгамбер а во моите раце имав четири илјади голушки кои ми служеа како теспих. 736

     Се пренесува дека дека бележи Ибн Сад од Ебу Хурејре дека тој правел зикр на шарени голушки 739

     Се пренесува дека Ебу Сафијј, Пејгамберовите асхаби, носеле кожни простирки на кои биле камчињата па зикрувал со нив се до половина од денот потоа ќе ја подигнеле додека не би клањале,па повторно би ја враќале па би зикрувал се додека не паднело мрак.741

     Се пренесува од Шејх од Туфавета:Дојдов на гости кај Ебу Хурејре во Медина, Додека бев кај него еден ден седеше на столица а до него имаше кеса со голушки а под него црна робиња , па чинел теспих со нив се не ги истрошеше па ќе ја фрлеше кесата на робинката па таа ќе ги собереше голушките од подот и ќе ги вратеше во кесата и повторно му ги даваше 742

     Сујути во Минхату Субна вели: Бележи Ахмед во Зухду од Убејда, од  неговата мајка дека рекла:Ја видов Ебу Сафијју,асхабите на Аллаховиот Пејгамбер кој беше наш комшија дека правеше теспих на камчиња 743

     Ибн Емир Хаџ Ел Халеби вели: Хадисите кои сведочат за земање на теспих се познати и познато е дека ги користила група добри луѓе и Нема проблеми во земањето на теспих ако човекот не се охоли со нив 750,751,752.

 

10-Дова после селамот.

     Аллах џ.ш. во Куранот вели:А кога ќе завршиш,на молитвите предај се и само на Господарот свој обраќај му се!754

     Сујути вели:Абд Ибн Хумејд бележи,Ибн Џерир Ет Табери,Ибнул Мунзир,Ибн Еби Хатим и Ибн Мердивејх со различни сенеди од Ибн Абаса дека преведувајќи го овој ајет рекол: Предајте се на довите а другиот:Обраќај Му се,барајќи од него.755

     Таберани во коментар на овој ајет вели:Од Ибн Абас се пренесува дека рекол:Предај се на довата.

     А од Катаде се пренесува:Му наредил кога ќе заврши со намазот да учи дова.756

     Тирмизи од Ебу Хумаме бележи:Прашан е Аллаховиот Пејгамбер Која дова се прима па одговорил На крајот на ноќта и после пропишаните намази.757

Бухари од Тариху од Мугире бележи:Пејгамберот а.с. учел дова после секој намаз.758

     Докази за седењето во џамија после намаз е меџлис ги пронајдуваме во следните хадиси:Аллаховиот Пејгамбер вели:

     Нависитна е секој од вас во намаз се додека намазот го одвраќа од враќањето дома.

     Навистина мелеките му носат на секој од вас се додека е тој во меџлисот во кој го  клањал тој  намаз.760

     Потоа Муслим бележи.Пејгамберот седел во џамија откако ќе клањал намаз се додека не би излегло Сонцето.761

     Овие два хадиса и хадисот од Ибн Омер р.а. без никаква сомнителност го потврдуваат ставот на нашата улема и нашите имами по ова прашање и докажуваат дека самиот Аллахов пејгамбер а.с. учел дова заедно со асхабите после секој намаз.

Имам Шафија вели:Пофалено е за клањачот кој клања сам и оној кој клања во џемаат, да го задолжи зикрот  после намазот и да ги зголеми своите дови.766

    Ен Невеви вели:Согласни се Шафија и останатите дека е пофалено зикрувањето после намазот дека е пофалено за имамот и муктедијата за самиот човек и жената,за мистафирот и мукимот.

     Пофалено учењето на дова после намаз затоа што во ова дошле многубројни сахих предавање кои се собрани во книгата Ел Езкар767

     Се вели:И пофалено е да имамот се сврти према луѓето и учи дова768

     Ел Ханбел вели:Имамот ќе учи дова после сабах и икиндија намаз поради зголеменото присуство на мелеките а тогаш џематлиите ќе прават амин на таа дова/А Ел Мухаррера поисправно тоа се прави и на другите намази.771

 

11-Подигање на раце кога се учи дова по намаз.

     Кревање на раце со прилика на учење на дова е пропишано со хадисите кои заедно го достигнуваат степенот мутеватира

     Негирањето на оваа постапка е многу опасно и може човекот да го донесе во куфр.

     Сујути во Тедрибур Рави вели: Од пејгамберот дошле околу 100 хадиси за кревање на рацете во прилика на учење на разни дови а јас тие хадиси ги собрав во еден дел но тие хадиси се во различни ситуации а ни во една од тие ситуации не дошло толку хадиси да ја прегласиме за мутеватир

     но заеднички тие хадиси прават кревање на рацете при учење на дова со мутеватир 772.

     На основа на тоа ние го сматраме подигањето на рацете е пофалено при учење на дова после намаз.

     Ибн Хатим од Ебу Хурејре бележи:Пејгамберот ги кревал рацете после намазот, уште кога бил свртен кон кибла и ја учел довата“Аллахуме халлисил Велиде бнел Велид ве Ијаш Ибн Ребиа ве Селеме Ибн Хишам.773

     Како што видовме некои учењаци овие хадиси ги сматраат исправни и скоро целокупната исламска улема се сложила дека тоа е од пофалените работи.

     Ел Мубарекфури вели:Според мене кревањето на рацете при учењето на дова после намаз е убаво.776

    Ер Рехуни Ел Малики вели: Дошол во Утбијји дека Малик рекол:Го видов Амр ибн Абдуллах ибн Зубејра како ги креваше рацете кога:седеше после намаз,учеше дова,па му е речено:Има ли некој проблем во тоа што го правиш?Па рекол:Не гледам проблем во ова.777

     Ес Сухејли Ел Малики вели:Малик споменувал дека Амир учел дова после намаз и ги крева рацете па рекол:Тоа е една од убавите работи.778

     Ел Хадреми Еш Шафи вели:Убаво е во секоја дова да ги кренеш рацете а после тоа да го истриеш лицето и убаво е учењето на Пејгамберовите одбрани дови.779

     Ибн Муфлих вели:Од адабите кревањето на рацете е до наспрам гради.

Бележи Ебу Давид со сахих сенед од Малик ибн Бешар:Кога го молите на Аллах, молете го со внатрешните делови на шаката а не надворешните…780

 

12-Аллах кабул за намазот.

     Некој велат:Не е пренесено дека Пејгамберот а.с. го молел на Аллах џ.ш. после намаз да му го прифати тој намаз!Но одговорот за тоа е:

     Аллаховиот Пејгамбер Ибрахим а.с.не подучуваше нас дека после секој обавен намаз да го замолиме на Аллах џ.ш/ да ни го прифати тој намаз/

     Аллах џ.ш. во Куран вели:И додека Ибрахим и Исмаил ги подигаа темелите на Храмот тие молеле: Господару наш, прими од нас, затоа што Ти навистина све слушаш и се знаеш!762

 

13-Нафиле се клања по 4 рекаати.

     Ел Менбеџи вели:Подобро е да нафилето се клања четири по четири рекати,по ноќ и по ден и поради кијас на фарзовите.

     Бележи Ебу Давид од Ибн Омер дека Пејгамберот рекол:Намазот на ноќта и денот е два по два.851Ќе му се рече:Вели Несаи:

    Овој хадис кај мене е грешка852Вели Тирмизи:Се разделиле Шубетовите другари околу хаидисите на Ибн Омера па некои му ги приишуваат него а некој на Пејгамбнерот а сахих е она што се пренесува од Ибн Омер од Пејгамберот дека само ноќниот намаз е два по два 853

     Вели (Менбеџи):Значењето на два по два е во парови т.е.да после секои два реката правиш тешеххуд. Ова го потврдува хадисот кој го бележи Ебу Давид од Муталиб ибн Ребиа ибнул Харис ибн Абдул Мутталиба дека Пејгамберот рекол: Намазот е два по два, да правиш тешаххуд после секои два рекати и да искажуваш пониженост и стрпливост и да после тоа ги пружеш рацете и речеш: Аллаху мој, Аллаху мој…„кој тоа не го направи намазот му е непотполнат.854 

 

14.Суннетите од петте дневни намази.

Праксата на пејгамберите кои Ние пред тебе ги испративме беше, таква. 77-Исра

Зборот “Суннет„ е Кур,ански збор и се преведува како пракса, односно нешто што го практикувал Мухаммед а.с. а тоа значи дека суннетот не се строга должност,  но доколку доброволно се практикуваат голема е Аллаховата ветена наградата за верниците.

     Суннетот е фтемелен во практиката на Мухаммед а.с., кого Аллах го нарекол: (усветун хасенетун)  најубав пример кои суннетите секојдневно ги практикувал покрај сите негови многубројни обврски а тоа значи: Ја доставувал објавата бил преседник на младо формираната нова Исламска држава, бил првиот воен старешина кога секојдневно се ратувало, бил првиот судија за сите спорови, бил првиот имам кој пет пати го предводел џемматот и накрај од сето тоа не го оставал суннетот а на истото ги поттикнувал и неговите браќа асхаби, суннетот на судниот ден ќе надоплнува таму каде фарзовите ќе недостасуваат, а доказ за тоа се и зборовите на Мухаммед а.с кој вели:

     Прво дело за кое човекот ќе биде прашан на судниот ден  е неговиот  намаз. Ако тука биде исправен ќе се спаси, ако не биде исправен ќе се изгуби и ќе пропадне,  ако му фали нешто од неговиот фарз, Аллах ќе рече: Погледнете има ли  кај овој мој роб суннет па ако има, со тоа ќе му се надополни она што му недостасувало од фарзовите? а потоа за другите дела ќе одговара на ист  начин.

     Суннетите поврзани со петте дневите намази имаат за цел прближавање на верникот кон Аллах,  припрема и коцентрација за правилно воспоставување на фарзот, дури во едно предание се вели дека: Суннетите се поклон кој верникот го дарува на Возвишениот створител.

     За верниците од нашиве краишта суннетите поврзани со петте дневни намази се нешто неизоставно и тоа е добра навика иако во последно време некои кон тоа немарно се однесуваат, секако дека тука не се работи за познавање што е фарз или суннет, туку за посветеност на ибадетот или на шејтанските сплетки, затоа  подобро е да секлања во џамија било кој суннет одколку да се седи пред џамија, пуши цигари исчекувајќи  икамет за фарз,     Има и такви кои велат дека суннетите се клањаат дома а фарзовите во џамија, да исправно е тоа, но несправно е да никаде не се клањаат и да се изоставаат, а знаеме дека доброволното клањање каде многумина муслимани се сведува само на тие суннетите поврзани со петте намази  и ако и тие се изостават тогаш тоа е никако непожелно, затоа ако истото е посигурно во џамија да се направи тогаш тука е и подобро, а очигледно дека најчесто е така,

     Муслиманот треба да знае што добива а што губи од клањањето и изоставањето, а Мухаммед а.с. тоа јасно го кажал со хадисот кои го бележи: Ет-тирмизи каде се вели: Кој катадневно клања дванаесет рекаати суннет: два сабаски, четири предпладневни, два после пладневниот фарз, два после акшамскиот фарз, два после јацискиот фарз Аллах ќе му изгради куќа во Џеннет.

     Ова е само мал дел за користите  на суннетите, а  афтентичноста на ова е извадена од хадисите (Кутубут тис,а) од Ебу хамид Ел газали-Ихјау улумуд дин.  

СУННЕТИ НА САБАХ-НАМАЗ

     Двата рекати суннет  на сабах намаз се непритврдени нафили поврзани со дневните намази.

     Мухаммед, а.с., не ги оставал ни кога бил на пат. Освен тоа, овие суннети се преклањуваат.

     Значи,оној кој не клања сабах на време, кога ќе ја клања сабах после излегувањето на Сонцето, ќе ги преклања и сабахските суннети.

19.Абдуллахимд Махмуд Тухмаз, Ханефиски фикх, Сараево, 2002. година . стр. 368

     Колклава е вредноста на сабахаските суннети  се гледа од зборовите на Мухаммед а.с. во кои стои:

“Немојте да ги оставате сабахските суннети макар и да бегате од коњаници.“ 20.Ебу Давуд

 “Двата рекати од сабахскиот суннет подраги ми се од целиот дуњалук и се што е на него.“ 21.Муслим

     Мухаммед а.с.на сабахските суннети учел кратко. Хазрети Ајша вели дека си помислувала дали Мухаммед а.с. учел нешто повеќе од Фатиха. 22.Ел-Бухари

     Мухаммед а.с. често на сабахските суннети на првиот рекат го учел сурето Кул ја ејјухел кафирун, а на другиот суре Кул хуваллаху ехад.

     Ибн Омер,р.а.,вели: “Јас месец дена го посматрав на Аллаховиот Пејгамбер, а.с. Тој на двата рекати од сабахскиот суннет го учеше сурето Кул ја ејјухел кафирун и Кул хуваллаху ехад.“ 23.Ет-Тирмизи

     Ова го потврдува хадисот кој го пренесува Хазрети Ајша  р.а. а во кој стои дека Мухаммед а.с. рекол: “Убави ли се сурињата кои се учат на двата сабахски и акшамски рекати суннет. Тоа се сурињата Кул ја ејјухел кафирун и Кул хуваллаху ехад.“ 24 Ет-Тирмизи

СУННЕТИ НА ПЛАДНЕ НАМАЗ

     Мухаммед а.с., во фарзот од пладне намаз клањал шест рекати суннет. Четири рекати пред фарзот и два рекати после. Овие шест рекати од пладневските суннети се притврдени (муеккеде).

     Кога не бил во прилика да клања четири реката после пладневскиот фарз Мухаммед а.. ги преклањувал после фарзот што доволзно зборува за нивната притврденост.25.Абдулхамид Махмуд Тухмаз, Ханефиски фикх, Сараево, 2002. ,стр .368

     На оној кој клања пладневски суннет и настојува да не ги пропушта Мухаммед а.с. во неколку хадиси ја наведува користа која ќе ја имаат поради тоа.

Умму Хабиба р.а. пренесува дека Мухаммед а.с. рекол: “Аллах џ.ш. ќе му забрани на огнот да го прижи на оној кој редовно клања четири рекати пред пладневските фарзови.“ 26.Хаким

     Во друго предание стои:“Мухаммед а.с. клањаше четири рекати откако сонцето ќе го помине зенитот пред пладневскиот фарз, па рече: “Тоа е време кога се отвораат вратите на небото и јас сакам на небото да ми се воздигне добро дело.“27.Ет Тирмизи

     Мухаммед а.с. ги споредува четири рекати на пладневскиот суннет со ноќното нафиле. Мухаммед а.с. вели: Четири рекати пред пладневкиот фарз  откако сонцето ќе го помине зенитот се рачунаат како да се обавени пред зора. Нема ништо да во тоа време не го слави на Аллах џ.ш.“ 28.Ет Тирмизи

     Ајша р.а.пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Кој клања пред  пладне четири рекати суннет како да ги обавил во длабочината на ноќта, а кој ќе клања после јација четири рекати како да ги клањал во ноќта на Кадр.“ 29.Ел-Бејхеки

     Два рекати после пладне намаз се спомнати во хадисот кој ги наведува сите притврдени суннета. Мухаммед а.с. вели: “Кој редовно клања дванаесет рекати суннет: четири пред пладневскиот фарз и два после, два после акшамскиот фарз, два после јацискиот фарз и два пред сабахскиот фарз, Аллах ќе му изгради куќа во Џеннетот.“ 3. Ет-Тирмизи

     Низ наведените хадиси на Аллаховиот Пејгамбер а.с.не поттикува нас на истрајност  во обавување на пладневкиот суннет како нас би не заобиколило доброто кое е во нив.

     Покрај наведените преданија за четирите рекати пред пладневскиот фарз исто така и преданијата во кои се наведува дека Мухаммед а.с., клањал два реката пред пладне.

 

СУННЕТИ НА ИКИНДИЈА НАМАЗ

     Икиндиските суннети не се притврдени, што значи дека Аллаховиот Пејгамбер а.с., понекогаш ги обавувал, а понекогаш ги оставал. Суннетите на икиндијаа се четири рекати.

     Селам може да се предава после два реката, а може и после четири. Се клањаат исклучливо пред фарз. Клањање на сунентите од икиндија после фарз е мекрухи-тахримен.31.Абдулхамид, Махмуд Тухмаз, Ханефиски фикх, Сараево, 2002. стр. 233

Икиндиските суннети се многу вредни.

     Мухаммед а.с.вели:“Кој клања четири рекати пред икиндискиот фарз, нема да го допре оганот.“32.Ет-Таберани

     Потоа хадисот во кој стои:“Аллаховиот Пејгамбер а.с., клањал пред икиндија четири рекати суннет. Полсе два рекати им предавал селам на блиските мелеки и муслиманите и му’мините кои се наоѓале зад нив.“

33.Ет-Тирмизи

     Со клањање на суннети пред икиндија, верникот може да се надева дека ќе оди во групата на оние кои се спомнати во довата на Пејгамберот а.с. во која стои: “Му се смилувал Аллах на човекот кој клањал четири рекати пред икиндискиот фарз.“34 .Ет-Тирмизи

     Наведените хадиси би треабло да бидат доволен поттик на оние кои веќе ги клањаат икиндиските суннети да истраат во тоа, но и на оние кои до сега без оправдана причини ги изоставувале.

СУННЕТИ НА АКШАМ НАМАЗ

     После Акшамсиот фарз се клањаат два рекати суннет. Двата рекати од Акшамскиот суннет се притврдени и спаѓаат во суннетите на споменатиот хадис; ќе “Кој клања дванаесет рекати суннет: четири пред пладне и да после пладне, два рекати после акшам, два рекати после јација и два рекати пред сабахскиот фарз, Аллах ќе му изгради куќа во Џеннет.“35.Ет Тирмизи

     Абдуллах Ибн Омер, р.а. зборувајќи за акшамските суненти вели: “Клањав со Пејгамберот а.с., два рекати после акшамскиот фарз во неговата куќа.“36.Ет Тирмизи

     Мухаммед а.с. рекол: Највреден намаз кај Возвишениот Аллах е акшам. За него не е ослободен ни патник (мусафир) ни оној кој е во местото каде што стално живее (муким). Со него Аллах ги отпочнува ноќните намази и со него ги завршува дневните намази.

     Кој клања акшам и после него клања два рекати, Аллах ќе му изгради дворец во Џеннетот.“37.Ет Тирмизи

     На Акшамските суннети се учи слично како и на сабахските. На првиот рекат Кул ја ејјухел кафирун, а на другиот Кул хуваллаху ехад. Ајша р.а., пренесува дека Мухаммед а.с. рекол: Убави ли се сурињата кои се учат на сабахските и акшамските суннети: Кул ја ејјухел кафирун и Кул хуваллаху ехад.“38.Ет Тирмизи

 

СУННЕТИ НА ЈАЦИЈА НАМАЗ

     Суннетите од јација имаат осум или шест рекати. четири пред фарз и четири односно, два после. Суннетите пред јацискиот фарз се непритврдени, додека двата суннети кои се после фарз се притврдени.

     Во хадиските збирки се наведува дека Веровесникот, а.с., клањал пред пладне четири рекати суннет и после пладне два, после акшам два суннет, после јација два реката и пред сабах два реката суннет.“39.Ет Тирмизи, Ен Несаи,Ебу Давуд

     Покрај спомнатите два реката суннет кои Пејгамберот а.с. ги клањал после јациските фарзови, тој ги поттикнува верниците да клањаат четири рекати после јација. Ајша р.а., вели дека Алалховиот Пејгамбер а.с., рекол: Кој клања пред пладне четири рекати суннет како да ги обавил во длабочината на ноќта, а кој клања после јација четири рекати као да ги клањал во ноќта на Кадр.“40.Ел Бејхеки

     Два рекати суннет после јацискиот фарз не се единствено нафиле кое Мухаммед а.с.преку ноќ го обавувал. После нив тој клањал во текот на ноќта од седум до единаесет рекати.

 

МУХАММЕД А.С ЗА СУННЕТИТЕ  ПРЕД ИКИНДИЈА И ЈАЦИЈА 

     Се пренесува од ибн Омер дека Пејгамберот а.с. рекол:“Се смилувал Аллах на личноста која клањала пред икиндија суннет, т.е.четири рекати.“673 Тирмизи,1/58;Вели ибн Хаџер Булугул мераму (1/64):Пренњсоува Ибн Хузејме и вели дека е Сахих;во Телхис се вели (1/115):“Го пренесува Хибан и вели дека е Сахих.“

     Се пренесува од Алија р.а.“Пејгамберот а.с. пред икиндија клањал два рекати.“ 674 Ебу Давуд;Невеви во Серху Муслим (1/251)вели:“Ланец на пренесувачите е исправен.“

     Што се однесува на клањањето четири рекати пред фарз на јација не се споменува ништо посебно во хадисот за тоа, но се извлечува доказ на основа на хадисот кој пренесува поголема група од Абдуллах ивн Мугаффела кој вели дека Пејгамберот а.с. рекол:“Помеѓу секкои два езани се клања намаз.Помеѓу секој два езани се клања намаз.Помежу секој два езана се клања намаз за оној кој тоа го сака.“ 675 Бухари,1/87

     Се пренесува од Ајше дека рекол:“Пејгамберот а.с. никогаш не клањал фарз ос јација а да не влегол во собата и клањал четири или шест рекати.“ 676 Ебу Давуд, Хадис бр.1418;Тирмизи,хадис бр.452;Ибн Маџе,хадис бр.1168;Мустедрек,Хаким,1/306, и вели:Ова е сахих хадис но Бухарија и Муслим не забележиле.А во тоа со нив се сложил Зехеби.

 

СУННЕТИТЕ ОД ЧЕТИРИ РЕКААТИ СЕ КЛАЊААТ ПО ЧЕТИРИ РЕКААТИ

    Ел Менбеџи вели:Подобро е да нафилето се клања четири по четири рекати, по ноќ и по ден и поради кијас на фарзовите.

     Па ако биде речено: Бележи Ебу Давид од Ибн Омер дека Пејгамберот рекол:Намазот на ноќта и денот е два по два. 851 Ебу Давуд,2/39,Тирмизи,2/491;Несаи,3/185;:Ибн Маџе,1/419

     Ќе му се рече:Вели Несаи: Овој хадис кај мене е грешка. 852 Несаи,3/186 

     Вели Тирмизи:Се разделиле Шубетовите другари околу хаидисите на Ибн Омера па некои му ги приишуваат него а некој на Пејгамбнерот а сахих е она што се пренесува од Ибн Омер од Пејгамберот дека само ноќниот намаз е два по два. 853 Тирмизи,2/491

     Велам (Менбеџи):Значењето на два по два е во парови т.е.да после секои два реката правиш тешеххуд.

     Ова го потврдува хадисот кој го бележи Ебу Давид од Муталиб ибн Ребиа ибнул Харис ибн АбдулМутталиба дека Пејгамберот рекол:

      Намазот е два по два,да правиш тешаххуд после секои два рекати и да искажуваш пониженост и стрпливост и да после тоа му ги пружиш рацете и да речеш: Аллаху мој, Аллаху мој…„кој тоа не го направи намазот му е непотполнат.854ЕбуДавудДавуд,бр.1296;Ахмед,4/167;Ибн Маџе,бр.1325

 

15.НАМАЗОТ КАКОВ ТРЕБА ДА БИДЕ

238.Внимавајте на намазот, а особено на средишниот, и исправете се пред Аллах, потчинето!

Суре 29, Ел Анкебут

     Во овие Кур’ански зборови Аллах не опоменува како да се однесуваме кога клањаме намаз па вели:

     Извршувај намаз  со потполна предаденост на Аллах  извршувајќи ги целосно и потполно сите негови намаски рукнови со размислување за она што се учи во намазот од Куранот,

     Само таквиот намаз има видни резултати каде човекот или поточно како е речено во ајетот само таквиот намаз одвраќа од лоши и развратни дела.

     Се пренесува дека Јакуб ел кари додека обавувал намаз дошол некој арамија и муго му го извадил палтото од на него а тој тоа не го ни осетил па  некој од неговите другари го познал чиее па му рекле вратимуго палтото зошто сопственикот е побожен човек и неговата молба се прима кај Аллах   крадецот отишол да му го врати   извинувајќимусе  а овој вели тоа не го ни осетив бев длабоко во намаз.

     Исто така се пренесува дека Рабија ел адевија додека клањала намаз во шума во окото ја забодел трн  кога паднала на сеџде а таа него ни осетила тоа.

    Исто така се пренесува дека Зејнул абидин еднашка додека клањал намаз му се запалила куќата  околу него почнале да викаат пожар пожар а тој на сеџде тоа него ни осетил па кога се вратил од сеџде го прашале зарем не осети ништо а тој рекол поголемиот џехеннемски оган ме превзедепа ништо и не осетив

    Аллах ни наредува строго придржување на намазите а особено извршување во нивното време, се предпоставува дека тој намаз е Икиндискиот намаз, Зошто баш Икиндијата? затоа што Мухаммед рекол:

     Оној кому Икиндијата ќе му помине исто како да му изумрела целата негова фамилија и како да го загубил целото свое богаство.

Го прашал ибни Месуд на пејгамберот:

     Која е најхаирлија работа а тој му одговорил клањање на намазот во неговото време.

Исто така Тирмизи пренесува Хадис од пејгамбер Мухаммед а.с.

     Прва  работа за која човекот ќе биде прашан тоа е намазот па ако ако со тоа добро се пројде со другото полесно ќе помине ако тука заглави се друго пропаѓа.

    Се пренесува од Омер р.а. дека пејгамбер  Мухаммед а.с. рекол:

     Кој ќе клања саба намаз тој ден е под Аллахова заштита затоа не изневерувајтеја неговата заштита а оној кој ќе ја изневери тој ќе одговара се додека не го обори на лице:

     Еден познат зулумџија по име Хаџџаџ на Салим ибн Абдуллах му наредил да го убие еден човек поради некоја работа но кога го прашал дали си клањал сабах рекол да тој го ослободил па кога Хаџџаџ прашал дали го уби тој му одговорил како да убијам човек кого Аллах го заштитил тој ден.

    Исто така се пренесува дека некојси човек кај ебу Ханифе да му помогне како да си го најде своето  богаство кое заборавил каде го оставил а овој му рекол оди дома клањал јација  и потоа клањај ноќен намаз и молимусе на Аллах да ти помогне  човекот така и постапил и етего утредента доаѓа кај ебу Ханифе велејќи дека го нашол а Ебу Ханифе вели Знев дека шејтанот нема да те остави да му се посветиш на Аллах во намазот  па само да те одтргне тој ти го кажа тоа зошто ти само на тоа мислеше.

 

Free website powered by Beep.com
 
The responsible person for the content of this web site is solely
the webmaster of this website, approachable via this form!